На пречекот на Нова година на градскиот плоштад „Македонија“ ќе настапат македонски музичари. Ќе настапат Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска.
Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 25 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.





