Без налепница „НМК“ на регистарските таблички нема излез од државата

Од утре граѓаните ќе може да ги подигнат налепниците за регистерските таблици со ознаката НМК во сите станици за технички преглед. Ќе бидат бесплатни, а секој оној што ќе сака да патува надвор од земјава од наредната недела, ќе мора да има налепница, во спротивно нема да може ја напушти земјава. Од утре ќе започне постапката за дистрибуција на налепниците со ознака НМК до референтите за сообраќај во подрачните станици за технички преглед низ цела држава од каде граѓаните ќе може да ги подигнат. Ве информираме дка налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистерски ознаки немаат никаква ознака или ознака МК.



Повеќе возила отколку налепници ваква е сликата во станиците за технички преглед во Скопје. Граѓаните нервозни од наметната обврска бараат полесен начин да дојдат до налепници. Вработените велат како што пристигаат така се трошат. Тие треба лично да отидат со возило и сообраќајна во техничкиот центар и да пополнат барање по што вработените ќе ја залепат налепницата врз регистарските таблички. Оние кои беа таму за Телма велат дека ова е непотребно измачување.

Гужви за налепници има и во Штип и во Битола. Граѓаните таму се револтирани што треба да ја поминат и процедурата со видео надзор при лепење на налепниците. Поради големата побарувачка во Тетово веќе се потрошени сите налепници кои ги добиле.