Без маски казнети 409 лица

Во текот на изминатото деноноќие, поради неносење маска регистрирани се 409 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).



И во денешното соопштение, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.