Без комисијата за надворешна политика договорот со Грција е мртов

Без да помине во комисијата за надворешна политика договорот за името со Грција кој што вчера владата во потпиша во грчкото село Нивици е противзаконски акт.



Според ингеренциите на комисијата таа е надлежна за ратификување на сите меѓународни договори што ги потпишува Македонија со странски земји.

Претедателот на комисијата кој што е од опозицијата Антонио Милошоски пред еден месец од преговарачот и министер Димитров побара да го информира за договорот и да ги приложи документите и материјалите врз основа на кои се преговарало.

До денеска Милошоски не добил одговор од владата за своето барање кое што се заснова на законот.

Согласно законите комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации;

политиката со која се обезбедува грижата на Републиката за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, како и за културните, економските и социјалните права на граѓаните од Републиката во странство;

стапување или истапување од сојуз или заедници со други држави;

стапување вo членство или истапување од членство на меѓународни организации;

потреба од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори;

ратификација на меѓународни договори;

меѓународна регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документи на меѓународни организации и асоцијации;

воспоставување на парламентарна соработка на Републиката со други држави и меѓународни организации;

воспоставување соработка со комисиите за надворешна политика на парламентите на другите држави;

иницијативи и предлози за дефинирање на стратегијата на надворешната политика на Република Македонија и
други прашања што се однесуваат на надворешната политика на Република Македонија.

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

претседател: АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ
заменик на претседателот: МАГДАЛЕНА МАНАСКОВА

членови:

1) ТАЊА КОВАЧЕВ
2) ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА
3) ИВАНА ТУФЕГЏИЌ
4) ЈАГОДА ШАХПАСКА
5) ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ
6) ШПРЕСА ХАДРИ
7) ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ
8) НИКОЛА ПОПОСКИ
9) ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА
10) АНЕ ЛАШКОСКА
11) ЕМИЛИЈА АЛЕКСАНДРОВА
12) АФРИМ ГАШИ

заменици на членовите:

1) ДАЛИБОР БОГДАНОВСКИ
2) ТАТЈАНА ПРЕНТОВИЌ
3) КОСТАДИН АЦЕВСКИ
4) ЈУЛИАНА НИКОЛОВА
5) ЃУЛУМСЕР КАСАПИ
6) АРТАН ГРУБИ
7) ИЛИЈА ДИМОВСКИ
8) ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ
9) САШО ВАСИЛЕВСКИ
10) ЉУПЧО ДИМОВСКИ
11) ЗОРАН ЃОРЃИЕВСКИ