Во радио интервју, министерот за внатрешни работи на Грција вели дека владата ќе го истера четиригодишниот мандат, но изгледаше прилично вознемирен поради изјавите на Панос Каменос, лидерот на помалиот коалиционен партнер  „Независни Грци“.



„ Зошто да правиш избори во мај ако веруваш дека 2018 ќе биде плоден и профитабилен период“ изјави министерот Панос Скурлетис.

Одговарајќи на прашањето дали е доведена под прашање кохезијата во владата, со можно повлекување на „Независни Грци“ поради  Преспанскиот договор, министерот рече:

„Се надевам дека во оваа последна година владата нема да претрпи таков удар“.

За договорот од Преспа, Скурлетис оцени дека ќе има мнозинство за негово изгласување кога ќе дојде во парламентот.

На прашањето дали тој верува дека ако Каменос ја напушти владата, СИРИЗА ќе  може да најде сојузник на друго место, тој одговори дека тоа е „ризично“.