По првите 45 минути од финалето на дивизијата Д од фудбалската Лига на нациите, воедно и квалификациски дуел за Европското првенсртво, меѓу Македонија и Грузија во Тбилиси резултатот е 0:0.



Двете репрезентации, кои се борат за свое деби на еврошампионатите, имаа по една шанса, a „црвено-жолтите“ поизгледната, во која голманот Лорија го одбрани ударот со глава од гостинскиот капитен Горан Пандев.

Грузија имаше поголем посед на топката, но видливо и кај двете селекции беше стравот од грешка во последната линија пред сопствениот гол.

Победникот од овој натпревар ќе игра во групата Ц од ЕП 2021 со Холандија, Украина и Австрија.