Премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби, претседателот на ДУИ Али Ахмети, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми учествуваа на денешната свеченост за отворање табла за проектот за изградба на четири автопатишта кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“ вредни 1,3 милијарди евра.



Немаше почеток на никакви градежни работи, немаше фрлање на прва лопата, ниту пак на делницата имаше градежна механизација.

Тие одржаа говори, се фалеа и заблагодаруваат еден на друг за трудот вложен да се реализира овој проект и кажуваа колку овој проект е важен за државата.

По говорите отворија табла на која имаше слика од автопат и бројот 8 кој го означува коридорот 8, што Владата го претстави како почеток на проектот иако за автопатиштата градежните работи уште не можат да почнат бидејќи нема проекти.

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ допрва треба да ги проектира трасите, па потоа да почне да гради.

Откако функционерите си честитаа меѓусебно, влегоа во своите возила и заминаа, не дозволувајќи новинарите да им се доближат и да им поставуваат прашања, објави СДК