„Од партијата на Али Ахмети зависи биквално сè. Од НАТО и од ЕУ, до патот и до водата.Срѓан Ивановиќза „Плусинфо“. Плус – Власите, пишува новинарот Срѓан Ивановиќ во колумна за Плусинфо.
„Така поентираа „креаторите на јавното мислење“, кои ѓтоо видеото што ни пристигна од ДУИ, направено во пресрет на прославата на јубилејот „20 години на власт“, дадоа своја оценка за значењето на партијата во креирањето на политики во земјава.
Група интелектуалци, новинари и политички аналитичари, обедините во групата опинион мејкери, посочија дека ДУИ е гарант на територијалниот интегритет на државата, како и целокупниот напредок на државата на секое поле.
Во друго видео, се појавија и претставниците на дел од помалите етнички групи. Тука дознавме дека без ДУИ на пример, во Македонија денеска ќе немало Власи.
Односно дека на Власите им било опструирано правото слободно да се изразуваат и тоа било средено од „волшебниците“ на Али Ахмети.
Па еден друг етнички лидер вели дека ДУИ е најзаслужен за зачленувањето на Македонија во НАТО, а трет вели дека посочената партија знае да владее, бидејќи ги вработила сите свои членови?!
И не го видовме само тоа.
За ДУИ говорат и граѓаните, а од третото испратено видео дознавме дека меѓу нив има и политички неутрални. Ама и тие го гледаат напредокот насекаде каде е ДУИ.
Во образованието, проектирањето на патиштата, изградбата на водоводна мрежа и во општиот прогрес на средината во која живеат. ДУИ може сè.
Вечерва на плоштадот „Скендер Бег“ во Скопје, ДУИ ќе организира голема прослава со концерт, а утре ќе има славје и во Тетово… потсетува авторот.







