Брз да го спомене скандалот Мијалков и улогата на јавноста во пресудата изречена за екс шефот на УБК премиерот Заев се обиде да добие политички поени за случајот Таргет – Тврдина.
“Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир!
Правосудниот систем e независна власт и денес гледаме дека ги има сите околности да спроведува истрага без влијанија и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок.
Тоа е начинот на кој треба да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинството на граѓаните.
Времето на неказнивост и на привилегии на криминалните актери го оставаме во историјата”, пишува Заев кој го водеше координативното состанок со министрите Спасовски и Маричиќ, претседателот на Кривичниот суд Џолев и Јавниот обвинител Јовески пред да биде постигнат договор за предавање на Мијалков.






