Без целосно ембарго на нафта и гас, Русија годинава ќе заработи 321 милијарди долари

Поради рекордните цени на нафтата и на гасот, кои го сочинуваат главниот извоз на Русија, дури и со намалената продажба на енергија, Москва ќе добие рекордни приходи од 321 милијарда долари.



Тоа е една третина повеќе отколку во 2021 година, објави Блумберг.

Огромните приходи ќе доведат до рекорден суфицит на тековната сметка, кој според Институтот за меѓународни финансии може да достигне 240 милијарди долари

Според аналитичарите, дури и со воведените санкции, ќе продолжи значителниот приход на Русија во валута различна од рубљата.

Единствената мерка што може да влијае на руската економија е ембаргото за продажба на енергенси.Нафтата и гасот сочинуваат околу половина од извозот на Русија и околу 40 отсто од минатогодишните буџетски приходи.

Доколку ЕУ, Велика Британија и САД воведат ембарго, тоа би можело да ја чини Русија најмалку 300 милијарди долари приход. МИА