Бетмен Велит и македонските “фејсбук мудреци” за наоѓање мани

Архитектот и инфлуенсер Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит до проста но сурова анализа на современото “Македонче” кому не му се допаѓа ништо
и кое на се може да најде мана.



Дури и ако истото тоа Македонче скриено зад својот профил на социјалните мрежи предходно барало нештата да бидат баш такви какви што сега ги отфрла како несоодветни.

Сите ние имаме околу нас некои опишани во текстот на Бетмен Велит. Или без многу врева и признание лично можеме да се пронајдеме во описот:

Ако протестираш – те прашува „сега бе протестираш“?

Ако не протестираш – а зошто не протестираш?

Ако е сосема мирно – зарем вака ќе протестираме?

Ако има мала тензија – зарем вака ќе протестираме?

Ако протестираш во 18:00 – не чини бидејќи предоцна било и луѓето после работа си иделе дома.

Ако протестираш во 13:00 – не е добро, бидејќи луѓето биле на работа и не можеле да дојдат.

Ако протестираш во делник – не чини бидејќи утре се на работа луѓето, а и може да ги видат.

Ако протестираш преку викенд – не е добро, бидејќи тоа биле денови на одмор.

Ако протестираш во Скопје – зошто не и во внатрешноста?
Ако протестираш во внатрешноста – а Скопје бе?

Ако протестираш насекаде – ја блокираш државата.

Ако не ја блокираш – зошто не ја блокираш?!

Ако си пешки – зошто си пешки?

Ако си со кола – ех, глупо е со коли.
Ако се друго е „погодено“ – зошто не протестираше порано?

Ако си протестирал и порано – види, имам нешто работа, инаку сигурно ќе дојдев…

Сакам да кажам, има луѓе кои сакаат да наоѓаат мани. И ќе ги наоѓаат. Не се трудете ниту да им објаснувате, ниту да ги убедувате. 60-70% од фејсбук го сочинуваат токму такви. Мудреци, судии, философи.

Правете го она што сметате дека е исправно и што знаете дека е достоинствено.

Да живее Македонијa!