Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, во кусиот рекапитулар на Фејсбук на сето тоа што власта (не) го направи околу вакцините го спои тоа што абер нема од тие на „Фајзер“ најавени за февруари со „исчезнувањето“ на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
„Како последни сиротињи питавме кај Бугарите за вакцини, добивме компир.
Србите сами се понудија, па ЕДВАЈ ги дотеравме двата пакети вакцини.
Руснаците се нудеа со месеци, најнакрај се одоброволивме да пазариме стотина илјади. Кинезите и аванс ни вратија.
Фајзеро го нема ко Никола Димитров.
КОВАКС јебе
А премиеро стравува дека ќе имаме вишак, разбир’ш.
Па за ваков резултат треба да си ултраспособен“, заклучува еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.






