Телевизискиот водител Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит реагира на изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер која побара граѓаните да им кажат на политичарите дека се за ЕУ.
За Бетмен Велит кој и се обраќа директно на Агелер ситуацијата е јасна:
👑 Ама госпоѓо граѓаните ИМ КАЖАЛЕ на политичарите и дека сакаат во ЕУ и дека не сакаат во ЕУ ако треба да ни ја одерат кожата при влез во ЕУ. Што е толку чудно во барањето за почитување на ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА? 🚧
⚠️ Во 21 век соседна земја не блокира затоа што не и се свиѓала нашата историја или, како некакви неандерталци, упорно тврдат дека нашиот јазик бил нивни дијалект. АЛО, ХЈУСТОН, ИМАМЕ ПРОБЛЕМ! 🪐🚀
🌵 Нема потреба од вакви флоскули „граѓаните да им кажат на политичарите“… проблемите може да се решат. Ајде да ги решиме лесно – има решение – тоа се ИЗ-БО-РИ! И на тие избори едните политичари ќе кажат каков им е планот за ЕУ, другите ќе кажат каков им е планот за ЕУ и, воала! Граѓаните ќе одберат каков пат сакаат кон ЕУ. 🍀 🍔
🍕 Ако сте лулка на демократијата, подемократски од тоа граѓаните на избори да одлучат што да прават политичарите нема. 🎭
🚜 Ако не сте, пробајте со булдожерите. Или со бомбардерите. Како ви е помило. ✈️🗽
🎯 Но, следната изјава, ако навистина стоите на демократските премиси, добро е да повикате да се одржат избори, наместо оваа агонија која и прети на земјата во која народот не ја сака власта и нејзините политики, а таа упорно ја држите во живот и барате пак од нас, граѓаните, да сме им кажеле на политичарите што сакаме. 🦃🎮
Во ред, ајде, ќе им кажеме – на избори.
🌋 Бидејќи ситуацијата во моментот е: ПОЛИТИЧАРИТЕ ОД ВЛАСТА ИМ КАЖУВААТ НА ГРАЃАНИТЕ како треба да одиме кон ЕУ. И затоа 80% од народот е против. 〽️ А ќе биде и повеќе ако потрае епизодата „едикојси амбасадори им кажуваат на политичарите нешто спротивно од тоа што им кажуваат граѓаните. 🦁
Да живее демократијата.
Да живее Македонија.
Да има избори, веднаш.
Илиевски реагира на следнава изјава на Агелер
Што сака Агелер за уставните измени: Дебата, избори или референдум?






