Бетмен Велит бара изведбата на химната од Дурловски да биде официјална

Одушевен од интерпретацијата на македонската државна химна од оперскиот пејач Игор Дурловски, колегата од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит, побара таа изведба да биде официјална.



„Треба со закон да се усвои химната на Република Македонија во изведба на Igor Durlovski да биде Единствена официјална верзија на химната и да се пушта секогаш и насекаде, сега, секогаш и во вечни векови. Маестрално!“, напиша тој на својот профил на „Фејсбук“.

Токму со снимката од верзијата на химната од Дурловски почна синоќешниот протест на движењето „Бојкотирам“ против уставните промени пред македонското Собрание.

https://www.facebook.com/igor.durlovski/videos/2264773166874581/