Беспарицата и економската кризата дефинитивно ќе ги остави граѓаните дома за време на новогодишните празници. Тие пред камерата на Алфа се пожалија дека ниските и нередовни примања си го направиле своето, па затоа не размислувале празниците да ги поминат надвор од градот. Велат дека поминало времето кога оделе во хотел или пак некаде надвор од државата.
Дека ништо не наликува на предновогодиншна атмосфера, доволно е да се направи обиколка околу главниот град. Насмевки на лицата има се помалку, а граѓаните не чувствуваат дека се ближат празници.

Оние помладите граѓани, рас е поинак велат дека ќе прослават надвор од границата. На градскиот плоштад наместо новогодишен сјај, има елка, неколку куќички за продажба на пијалоци, храна и ништо повеќе.
И додека во метрополата не се чувствува ниту предновогодишна атмосфера и еуфорија, во помалите градови се украсува за колку толку да се најави дека доаѓа Нова Година. Во моментов, Крива Паланка е еден од најдобро украсените и осветлени градови во Македонија. Поставена е новогодишна елка, светилки, украси.
Главно, скопјани жалат што најмладите нема да го видат традиционалниот новогодишен сјај на градот, па затоа укажуваат дека треба да се најде начин да им се доближи новогодишната магија на најмладите, па дури и во овие услови со редуцирани средства.





