Бесими се пофали дека паѓала инфлацијата, ама зошто тоа во пракса никој не може да го види?!

Инфлацијата во август е 8,3 проценти, претходниот месец беше 8,4, пред тоа беше 9,3, а во октомври минатата година беше 19,8 отсто. Со тоа ќе продолжиме и понатаму да даваме солидна поддршка за стопанството, но и за заштита на стандардот на граѓаните, особено на најранливите категории на граѓани во услови на криза, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, ама заборави да каже дека нема ни „М“ од мерки за граѓаните кои се чудат како ќе преживеат зашто скапотијата нема кочница.



Бесими нагласи дека и во проекциите на ребалансот Министерството за финансии останува на раст на БДП од 2,5 отсто и инфлација од 8,9 отсто на годишно ниво. Како што посочи наплатата на ДДВ во текот на годинава потфрли за шест милијарди денари кои се надополнуваат со растот на наплатата на персоналниот данок, данокот на добивка, придонесите и солидарниот данок.

  • Ако номинално сме имале 78,5 милијарди денари сега имаме 72,5, значи 6 милијарди помалку. Овие 6 милијарди денари се надополнуваат со тоа што во персоналниот има раст од 1 милијарда денари, во данокот на добивка има раст 2,7 милијарди, притоа има раст исто и во придонесите и 3 милијарди денари има во данокот на солидарност, рече Бесими.

Со тоа се затвора приходната страна без притоа да има потреба да се задолжуваме како земја и да се зголеми дефицитот, рече Бесими во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата на која го презентираше предлог ребалансот на Буџетот за 2023 година.