Бесими: Обезбедивме пари за повисоки плати, пензии, субвенции, инвестиции

Со Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година, што денеска беше усвоена на седница на Владата и ќе биде доставена до Собранието на усвојување, обезбедивме пари за повисоки плати за 10% во цела јавна администрација и исплата на К-15.



Пари се обезбедени и за повисоки пензии за пензионерите, повеќе средства за социјална помош, средства за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет на антикризни мерки обезбедуваме.

Ова го соопшти министерот за финасии Фатмир Бесими на денешната прес конференција

Средствата за овие цели се обезбедуваат преку реалокација и тоа се прави со Одлука за прераспределба, а не со ребаланс на Буџетот од причина што до крајот на годината се очекува во ист номинален износ на приходи и расходи, согласно проектираното во Буџетот за 2023 година, рече Бесими.

ПОВЕЌЕ