На денешниот прв ден од расправата за Предлог-буџетот за 2021 министерот за финансии, Фатмир Бесими, одговарајќи на реплика рече дека државата мора да го продава својот имот, бидејќи повеќе нема простор за големи задолжувања.
Министерот тврди дека следната година растот и развојот нема да може да се финансира само преку задолжување.
„ На среден рок треба да имаме добра стратегија за фискална консолидација. Одредени јавни претпријатија се само дополнителен товар за буџетот, а од друга страна имаме јавен долг кој не треба да се зголеми“, смета Бесими, пренесува Инфомакс.






