„Владата побарала да продолжи замрзнувањето на платите, но Уставниот суд одлучил поинаку и го укинал замрзнувањето, со што платите на државните функционери се зголемуваат за 78 проценти.“ – кажа вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија, во обид да ја префрли вината врз Уставниот суд за скандалозното зголемување на платите на владините министри и функционерите за огромни 78 отсто среде жестоката социоекономска криза, која ја ги „толчи“ состојбата на економијата и животниот стандард на најголемиот број граѓани на Македонија.
По емисијата ТВ Клан Македонија објави: „Размислете и за еден друг момент: да го имаше Уставниот суд укинато тој член од законот. Тоа ќе значеше дека ќе се вратиме пред повеќе од 10 години и да се исплатат сите функционери, кои биле именувани во овој период и на сето тоа да се додаде уште и казнената камата според законот. Тоа ќе претставуваше финансиска бомба за буџетот.’ – изјави Фатмир Бесими во ‘Клан дебата’.“
„Тој ја објасни постапката, што довела до одлуката на Уставниот суд, кој побарал мислење од Владата и соодветните институции да се изјаснат за односниот член на законот.“
„Во конкретниот случај Владата даде мислење тој член да не се укинува и да продолжи замрзнувањето на платите како што беше. Но, одлуката на Уставниот суд е ваква, без разлика на мислењето на Владата.’ – нагласи Бесими.“
„Тој додаде дека граѓаните имаат право да критикуваат и да се жалат, појаснувајќи дека не станува збор за политика на Владата да ги зголемува платите на функционерите.“





