Со новиот, втор ребаланс за 162,6 милиони евра се зголемува буџетот на државата, со што државата ќе има рекорден буџетски дефицит од дури 920, 3 милиони евра или 8,4 проценти од БДП, образложи министерот за финасии, Фатмир Бесими.
Министерот рече дека овој минус нема да се финансира со ново задолжување од надвор, туку од депозитите на државата и од задолжување со хартии од вредност на домашниот пазар. Владата го крои овој ребаланс со прогноза за пад на домашната економија односно пад на БДП за 4,4 процентни поени, што е пониско остварување од првично очекуваното.
„Овој ребеланс се прави за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки, и очекуваме дека ќе донесе стабилност. Со овој пакет ќе придонесеме за ублажување на ударот и ќе се создаде услови за солиден раст“’, рече Бесими.






