„Без цензура“ пишува: „Моментот на спасувањето на една млада девојка од самоубиство се рашири со молневита брзина. Зад овој херојски чин, што се случи во Куманово, стои еден Агрон Зенуни од Куманово. Тој за првпат сподели детали за тоа во интервјуто за емисијата „АБЦ – наутро“.
Весникот дополнува: „Зенуни кажа дека младата девојка се наоѓала на терасата на една стара зграда со намера да си го оконча својот живот и веќе била во обид да скокне, но благодарејќи на неговата брза интервенција успеал да ја спаси.“
Бота сот“ ја цитира изјавата на полицаецот Зенуни: „Вршев една своја работа и тогаш колегите јавија дека една девојка се обидува да изврши самоубиство. Јас се наоѓав поблиску до местото на настанот и таму пристигнав прв. Во моментот кога стасав таа веќе започнуваше со намерата да скокне и ја фатив за две до три секунди пред да скокне. Да не ја фатев, таа ќе паднеше долу. За многу кратко време двајца мои колеги дојдоа и со нивна помош успеавме девојката да ја подигнеме горе.“
„.
Видео на: https://www.facebook.com/watch/?v=680212922935454
Извор: https://www.pacensure.com/leshome-dua-te-mbys-veten-flet-polici-shqiptar-qe-e-shpetoi-vajzen-maqedonase-nga-vetevrasja/






