Некогашниот главен експерт на социјалистичкото самоуправување и професор на правниот факултет во Скопје се спушти на ниво на навредувач на социјалните мрежи.
Професорот кој магистрирал и докторирал на самоуправување во здружениот труд го нарекува новинарот Матеја Петровски од Алфа ТВ со називот ,,мочко”.
Во одговор на ,,твитерџија” кој објавува видео од премиерот со коментар дека Ковачевски смрзнал Беличанец вели ,,Мочко еден премиерот не смрзнува од мочковци како тебе и новинарот”.
Новинарот за кој Беличанец вели дека е мочко е Матеја Петровски кој на Ковачевски му постави прашање зошто оди во дуќани а не оди на Онкологија или во училишта каде нема ученици.
Тито Беличанец кој е еден од главните апологети на СДСМ во 1973 година последипломски студии на Правниот факултет во Скопје ги завршил со одличен успех, ја одбранил магистерската теза „Моќта во самоуправната организација” и се стекнал со звањето магистер на политичките науки. На 19 октомври 1979 година ја одбранил докторската дисертација под наслов: „Институционалните облици на самоуправно здружениот труд” и се стекнал со звањето доктор од областа на правните науки. Во 1977 година бил избран за предавач и држел предавања на правните факултети во Скопје и во Битола. Во декември 1979 година бил избран за доцент ,во 1985 -за вонреден професор на научната област самоуправно здружен труд. Кон крајот на 1991 година бил избран за редовен професор на научната област на деловното право. Раководител е на посдипломските студии по „Деловно право” на Правниот факултет. Учествувал во многубројни научноистражувачки прокти. Објавил неколку монографии и коментари на закони кои се рецензирани при изборот на вонреден и редовен професор. Член е на стручни и општествени тела во Македонија. Од 1986 до 1991 година бил член, a подоцна и потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ.
Мочко еден премиерот не смрзнува од мочковци какл тебе и новинарот!
— Tito Belicanec (@belicanec_tito) March 28, 2023







