Бесценето: Најдуховитиот коментар на објава на владата на СДСМ и ДУИ (ФОТО)

Ако не најдобриот тогаш еден од најдобрите и најдуховити коментари на објава на владата на СДСМ и ДУИ го има музичарот, Ди Џеј и продуцент Ангел Ризе.



Најпрвин Ризе на ироничен начин на владата и вели браво и ѝ посакува да ја води Макеоднија во наредните четири години за да можат нашите деца да имаат добра иднина.

Откако луѓето одговорни за Фејсбук во владата не разбираат дека Ризе користи сарказам и му се заблагодаруваат музичарот кој работи и во Њујорк без иронија го кажува својот став.

,,Ма не ви дава јас никаква поддршка, само ве ду*ам како што не ду*ите вие нас”, пишува Ризе кој е аполитичен тип до владата.

Подоцна коментарот е избришан од владините пропагандисти но принт скринот од оваа шега остана да живее на социјалните мрежи.

Фото: А.Р. на споменикот на Горан Стефановски