Беса: „Брзи парламентарни за спас од катастрофата, што не чека од Владата и државните ‘лидери’, потонати во криминал и корупција!

„Борба против корупцијата не се води со луѓе вмешани во криминал и во злоупотреби. Синоќешниот случај уште еднаш покажа дека овластени лица ја злоупотребиле службената положба заради лична корист.“ – вели опозициското Движење Беса во своето соопштение.

„Беса“ истакнува: „Актуелната влада е извалкана со корупција, почнувајќи од највисокото државно раководство, се до најниското рамниште на администрацијата. Корупцијата е во секоја област во државата и тоа за нас, Движењето БЕСА, е многу загрижувачко. Корупцијата е раширена на сите рамништа на власта.“

„Нема да дозволиме лица, потонати во организирана корупција, да ја преземат контролата врз државата и да му наштетат на јавниот интерес, заменувајќи го владеењето на законот со криминал. Корупцијата им нанесува штета на темелите, на кои опстојува демократијата во земјата. Корупцијата ги заслабува и на крајот ги уништува тие темели.“

„Со објавените случаи уште еднаш се докажа неспособноста на оваа власт во борбата против корупцијата. Затоа, ние, како политичка партија, констатираме дека државата треба час поскоро да оди на брзи парламентарни избори, со цел да се спаси од катастрофата што ја чека од овие ‘лидери’!“