Опозициската Беса во изјава за медиумите тврди дека Талат Џафери го повлекол Законот (за рестриктивни мерки потпишан од претходникот Ковачевски -н.з.) со кој се предвидува казнување на функционерите кои се на „црната листа“ на САД а во корист на функционери и бизнисмени од владата на СДСМ – ДУИ.
Нов случај „пишман аџија“ во владата на СДСМ-ДУИ
Од Движењето Беса велат дека „брзо паднале маските на ДУИ“.
„Излегува дека техничкиот премиер Талат Џафери решил технички да ги спаси криминалците потврдени од САД, пренесе „Телеграфи“.
„Се докажува и факт, дека Талат Џафери е секогаш таму каде што мора да се заштити ДУИ и нејзиниот криминал.
Кога требаше во Собранието да се блокираат закони во интерес на ДУИ и на штета на Албанците, беше таму, сега е потребен во Владата, бидејќи таму ќе ги брани криминалите“, се вели во реакцијата на Движењето Беса.







