„Во „бомбите“ слушнавме дека многу функционери на ДУИ се вплеткани во криминал, но за нив нема постапки“, вели Фадил Зендели од БЕСА.
„БЕСА е подготвена да даде поддршка на СЈО за оваа институција да продолжи да работи со полн капацитет, да им се продолжи рокот за иницирање на постапки, а ‘бомбите’ и натаму да бидат користени како докази во постапките“.
БЕСА ќе го поддржи новиот Закон за јавно обвинителство ако СЈО остане да функционира како независна институција, а не како што се предлага да биде составен дел од ЈО, дозава Нова ТВ.





