Беса: СДСМ и ДУИ можат да ја доведат државата во целосен економски колапс

„Опозициското движење Беса денес преку соопштение за јавноста ги коментираше последните мерки на Владата за намалување на економската криза. Од Беса велат дека Владата само делумно ги прифатила нивните предлози и нагласуваат дека Владата не знае, ниту има идеја како да раководи со државата. Според Беса, ова го потврдува и фактот што само по неколку часа откако Владата ги усвои мерките, Регулаторната комисија ги зголеми цените на нафтените деривати.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА го пренесува соопштението на Беса: „Врз основа на анализа на економските параметри предложивме серија мерки за намалување на економската криза. Владата само делумно ги уважи нашите предлози и едновремено се потврди дека таа ниту има знаење, ниту има идеја како да ја води државата. Потврда за ова е и фактот што не поминаа ниту неколку часа откако Владата ги усвои своите мерки, Регулаторната комисија повторно ги зголеми цените на нафтените деривати и во суштина ги обезвредни претходно преземените мерки за намалување на акцизите.“

„Одлуката за намалување на акцизите на нафтата испаѓа дека била само политичка и популистичка, оти е таа неуспешна одлука, дека не се знае кои мерки треба да бидат преземани во потребно време.“

„Не и е потребен на државата несериозен пристап кон проблемите на граѓаните, туку се потребни сериозност и политички сили, кои ќе и претходат на секоја политичка криза. Се потврдува дека ДУИ и СДСМ немаат потребен капацитет, за да се соочат со толку чувствителната ситуација. СДСМ и ДУИ со лошото управување со институциите можат да ја доведат земјата во целосен економски колапс.’ – се вели во денешното соопштение на Движењето Беса.“