Движење БЕСА, партијата на Билал Касами денеска излезе со реакција дека „смртта на невиниот Реџаил Ќерими е смрт на правдата во Северна Македонија“.
Реџепи беше осуден на доживотна затворска казна за нападот врз полициски „алфи“, што се случи во 2008 година на паркингот пред Природно математичкиот факултет во Скопје, кога еден полицаец беше убиен, а двајца ранети.
„ Одвлекувањето на политички монтирани случаи и недостигот на правда ја вратија Северна Македонија многу чекори назад. Смртта во затвор на еден од обвинетите во случајот „Алфа“ уште еднаш го покажува непрофункционирањето на правната држава и непоставувањето на правдата на вистинското место.
Смртта на Реџаил Ќерими е смрт за правдата во земјата и смрт за оние кои долги години не успеаја да го решат овој случај. Движењето Беса цени дека на прво место треба да се стави правдата во случајот ‘Алфа’, а невините да почиваат во мир“, се вели во соопштението и се изразува сочувство до семејството и пријателите на Реџаил.
Инаку, во судскиот процес за случајот „Алфа“ во 2010 година на доживотна затворска казна беа осудени Реџаил Ќерими и Агим Ислами. На 9 години затвор е осуден Рамадан Шаќири, како соучесник во делото, додека Алмир Дрпљани, на доживотен затвор, откако по бегството беше екстрадиран во Македонија.
Од партијата наедно изразија и сочувство до семејството и пријателите на Реџаил.






