БЕСА откри што ќе стори како дел од власта ако в четврток не падне Владата

Главен приоритет на БЕСА е да ја тргне ДУИ од власт, порачува генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа кој изјави за Алсат дека целта на неговата партија е да ја дефакторизира ДУИ.



Тој за премиерот Зоран Заев вели дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на Македонија во евроатлантските процеси.

Хоџа изјави дека, ако во четврток не успеат да ѝ изгласаат недоверба на Владата, тогаш БЕСА ќе излезе од владејачката коалиција.

Во емисијата „200“ на Алсат, тој вели дека нивниот проблем не е СДСМ, туку дека целта на БЕСА е да ја тргне власта од рацете на ДУИ.

Според најавите, в четврток се можни сите опции, иако засега односот на силите е 60:60 во пратеници.