„Беса“ од вчера не е дел од Владата

Собранието вчера ги констатираше оставките на министерот за земјоделство и на замениците министри за образование и за култура од редовите на Беса, со што оваа партија и официјално веќе не е дел од Владата.



Констатирани се оставките на министерот Арјанит Хоџа, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани.

Беса беше дел од потписниците на барањето Собранието да изгласа недоверба на Владата, но на денот на гласањето нивниот пратеник Кастриот Реџепи – „се премисли“.