Разговорите меѓу Беса и премиерот Зоран Заев околу нивните барања за поддршка на уставните измени, пропаднале, дознава „Плусинфо“.
Неизвесно е, дали по ова утре ќе има продолжение на собраниската седница закажана за 12 часот со оглед на тоа дека не се „обезбедени“ 80 ратеници кои би гласале за уставните измени.
Според „Плусинфо“по вечерашното фијаско, нема најава за повторна средба на Беса и премиерот.
Седница е можно да има доколку премиерот успее да убеди уште еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на уставните измени откако денеска Панчо Минов се согласил на такво нешто.





