„Блерим Сејдиу, потпретседател на опозициската партија Беса и претседател на селската општина Желино во тетовскиот регион, на формaлизирањето на подогранокот на неговата партија во Зајас вчера се осврна на изборите на 8 мај, кои ќе ја донесат промената кај Албанците. Тој нагласи дека Беса ќе го промени Уставот веднаш штом ќе влезе во власта.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата информација со наслов „Сејдиу од Зајас: Ние ќе го промениме Уставот – ДУИ не беше способна да направи ниту една канализација!“.
„Инфошќип“ пишува: „Уставните промени ќе ги спроведеме во идната Влада. Протагонистите на Движењето Беса ќе ги потпишат реформските закони и за влезот во ЕУ. ДУИ не лажеше 20 години, а кога ќе се појдеме на теренот жителите ни велат: „За каква ЕУ зборувате, па ние немаме канализација, немаме инфраструктура, ниту минимални услови за живот. Правдата стана луксуз, која не може да се најде никаде.’ Затоа времето на ДУИ помина. Доаѓа нов дух со нова визија со платформа и програма, која ќе донесе промени во секоја пора од животот и која ќе ги направи Албанците партнери со македонската страна.“ – порача Сејдиу од Зајас, Кичевско.





