Беса на Касами крена раце од влез во Владата на Заев

Движењето Беса, предводено од Билал Касами, нема да биде дел од Владата на Зоран Заев, откако денеска објави дека ги прекинува сите разговори со премиерот за проширување на владиното мнозинство.



„Овој процес на преговори продолжува повеќе од четири месеци без конкретен епилог, па цениме дека сите временски ограничувања се надминати. Движењето Беса не сака да остане заложник на техничките календари на парламентарното мнозинство. Почнувајќи од денес, ги прекинуваме сите разговори со премиерот на земјата за влез во Владата. Сметавме дека со текот на времето Владата на Зоран Заев ќе почне да се ослободува и од ДУИ, дел од поранешниот режим на Никола Груевски, но, за жал, тоа не се случи. Движењето Беса ќе продолжи да биде конструктивна опозиција“, стои во партиското соопштение.

По расколот во Беса, која на парламентарните избори во 2016 година освои пет пратенички места, со Касами останаа двајца пратеници.