„Движењето БЕСА силно го поддржува евроинтегративниот пат на с.Македонија. Секое политичко дејствување, што би помогнало во интегративниот процес на земјата во Европската унија и нема да влијае врз интересот на Албанците во земјата, ќе има поддршка од Движењето БЕСА. Во однос на францускиот предлог за укинување на бугарското вето за с.Македонија, Беса го оценува како процес што ќе треба да се следи во чекори, како што и земјата ќе се движи кон евроинтеграцијата.“ – извести информативната агенција на албански јазик „Журнал“, пренесувајќи го соопштението на Движењето Беса од последната седница на нејзиното Централно претседателство.
„Во врска со отворањето на Уставот на земјата, согласно со промените, кои треба да се случат, Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот став дека при следното отворање на Уставот ќе ги искористи сите парламентарни механизми да го наметне отстранувањето на потценувачката терминологија за Албанците како ‘прашање од 20 отсто’, што треба да се замени со фразата ‘албански јазик’.“
„Власта покажува арогантност и затоа Движењето Беса го потврдува уште еднаш својот правилен став дека земјата треба да оди на предвремени парламентарни избори.“
„Во однос на актуелната политичка состојба во државата, Движењето БЕСА уште еднаш ја изразува својата политичка конструктивност како опозициска партија за сите политички процеси во државата. Но актуелното политичко мнозинство го загуби легитимитетот и сите нивни политики се штетни за граѓаните, почнувајќи од лошото раководење на енергетиката, економијата и сите други сектори. Движењето БЕСА смета дека оваа катастрофа што ја создаде парламентарното мнозинство треба да се прекине преку организирање на предвремени парламентарни избори колку е можно побргу.“
„Изборите треба да бидат пресуда, со која суверенитетот ќе му се врати на народот, а едновремено и тој да одлучи кој ќе раководи со иднината на државата.“
„Ако Владата не обрне внимание кон конструктивниот пристап на Движењето БЕСА, тогаш не се исклучува можноста во една поширока опозициска соработка, политичка и социјална, да се организираат протести до уривање на оваа власт.“





