Опозициските Алтернатива и Движење Беса, ќе се обединат за заеднички настап на следните парламентарни избори.
„Алтернатива е спремна да ги остави настрана недоразбирањата со Движење Беса и да соработува со нив“, изјави секретарот на партијата, Зекирија Ибрахими, во емисијата Клик Плус на ТВ21.
Тој информираше дека лидерите на партиите, Африм Гаши и Билал Касами, се сретнале и зборувале за можна предизборна коалиција.
„Двајцата партиски лидери, Африм Гаши и Билал Касами, се сретнаа и разговараа дали можат да соработуваат. И во моментот кога ќе се изрази волјата, тоа е првата фаза каде што може да се започне и да се разговара како да се соработува. Раководството на Алтернативата, на претседателот му е дадено овластување да зборува за било каква соработка, било во Парламентот, било во националните совети или за предизборна коалиција.“, вели Ибрахими.
Ибрахими рече дека во текот на 20 години владеење на ДУИ, се уште се зборува за вода, канализација и светла.
„Таа партија стана штетна за интересот на албанците во Македонија бидејќи не инвестирајќи во албанските средини, ги исклучи Албанците. Не сакам да се кажам дека се работи за план на српски елаборати за преселување на Албанците, но бројките се многу поголеми од времето на Пашиќ и Ранковиќ. Во период на Југославија се иселиле околу 200.000 Албанци, во периодот на ДУИ се иселиле повеќе од 300.000 Албанци.“, рече Ибрахими.







