Во рамки на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, да се укине и 20% како дефиниција за јазикот што го зборува 20 проценти од населението, е ставот на партиите на Албанците Алтернатива и Беса.
Од движењето Беса велат дека остануваат цврсто на ставовите, со отворањето на Уставот да се коригираат терминолошките деформитети кои се однесуваат на дефинирањето на албанскиот јазик.
Пратеникот Фадиљ Зендели на Фејсбук напиша дека упатил апел до министерот Лога да остане доследен на својата изјава , со иницијативата за уставните измени во Собрание, дека треба да се отстрани формулацијата 20% за употребата на албанскиот јазик, пренесува ТВ21.
„Сега имаш прилика преку Владата како надлежен предлагач на уставните измени, во Собрание да имаме предлог за измена на Амандманот V на Уставот на РСМ. Движење Беса останува на истиот став искажан претходно дека ќе ги поддржи уставните измени само доколку се поддржува иницијативата за измените на амандманот V на Уставот каде формулацијата 20% се укинува и ќе се назначи како албански јазик“, вели Фадил Зендели.
Од Алтернатива со ист став. Велат дека одамна кажавле дека се спремни да поддржат укинувањето на 20% и за тоа нема потреба од работни групи.
„Сепак, министерот Лога изгледа треба да ги увери своите партнери пред да зборува за работни групи со опозицијата. Досега тој ја нема поддршката на СДСМ и ДУИ и мислиме дека дури и својата позиција ќе ја разниша“, велат од Алтернатива.







