Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами во изјава за Алсат демантира дека кој било друг пратеник од неговата партија би можел да одлучи да остане дел од парламентарното мнозинство, како што денеска изјави премиерот во остѕавка, Зоран Заев..
„Пратениците на Движењето Беса, со својата слободна волја се во оваа позиција, дел од опозицијата согласно преземените одлуки од партијата. Додека не се случи некаква ситуација како што се случи, јас имам целосна доверба кон двајцата пратеници на Беса, како што имав целосна доверба кон тројцат“, рече Касами.
Тој е уверен дека Движењето ВЕСА нема да обезбеди 61. пратеник потребни за ново парламентарно мнозинство.
„тав на Движењето Беса е падот на Владата. Од моментот кога ќе падне Владата, проценуваме дека ќе се создаде сосема нова ситуација, сосема поинакво мнозинство, многу постабилно од оваа што е дискутабилна и оценувам дека на земјата и е потребна политичка влада која ќе ја забрза интеграцијата кон ЕУ, рече тој.
Категорично ја исклучува можноста да бидат дел од Влада во која е ДУИ.







