Беса: ДУИ лаже и врши притисок врз наставниците да се вратат на настава, штрајкот да продолжи

„ДУИ со своите ниски методи секојдневно ги лаже се повеќе граѓаните. ДУИ повторно излажа дека, наводно, постигнале договор наставата да почне во понеделник. Демократската унија за интеграција настојува да изврши притисок врз вработените во образование да го прекинат штрајкот. ДУИ само ја измамува јавноста и нема идеја како да се справи со оваа ситуација. Продолжувањето на штрајкот од страна на СОНК е правилна и потребна одлука. Таа одлука ја има целосната поддршка на Движењето Беса.’ – наведе партијата на Касам Билали во своето соопштение.“ – јави ТВ Клан Македонија.

Беса нагласува: „Иако Демократската унија за интеграција преку свое соопштение најави почеток на наставата уште пред неколку дена, сепак тоа не се случи. Денешниот обид за да се постигне договор меѓу Владата и САШК беше неуспешен, бидејќи Владата не ги прифати барањата на наставниците.“



„Со овие постапки ДУИ настојува да изврши притисок врз вработените во образованието. Добро ќе биде во оваа партија да си ги усогласат ставовите меѓу себе. Министерот за финансии од нивните редови Фатмир Бесими изјавува дека нема да има зголемување на платите. Министерот за образование од оваа партија Јетон Шаќири изгледа нема идеја како да се справува со оваа ситуација, додека ставот на ДУИ беше дека ‘наставата ќе почне’.“

„Во овој случај имаме три страни, кои ја измамуваат јавноста, а станува збор за една партија. Затоа и продолжувањето на штрајкот од страна на СОНК е правилна и потребна одлука. Таа одлука ја има целосната поддршка на Движењето Беса.“