„Само затоа што на дневен ред стави точка за отчет на судиите кои го застарија делото за Мијалков, на вчерашната седница на Судскиот совет беше арбитрарно разрешена претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева“, реагира партијата Беса.
Тоа е спротивно на законот и демократските вредности, а со ова се потврдува дека судството е заробено од владејачките партии СДСМ и ДУИ.
„ Денеска уште еднаш се потврди дека сите судски одлуки кои ги носи највисокиот орган во рамките на судската власт, Судскиот совет“, се носат по наредба на политичките партии кои се на власт“, истакнаа од Беса како што пренесува „Плусинфо“.
Партијата ги повикува меѓународниот фактор и граѓанскиот сектор, заедно со опозицискиот политички фактор на борба против, како што се вели во соопштението, оваа анархија и арбитрарност во рамките на судската власт.







