Калтрина Беќири од Движење БЕСА алармира по вознемирувачките информации за последните случувања на скопска гинекологија, кои докажуваат целосна нефункционалност на здравствениот систем, но и ја зголемуваат недовербата и стравот кај граѓаните да бараат услуги во државните клиники.
„Еден ден бебе завршува со исечен прст, друго бебе со скршени раце и десетици други различни случаи кои се прикриени и не се објавуваат во јавноста. И бесрамно раководителите на клиниката се правдаат дека е нормално да се случуваат вакви работи, а од Министерството само велат дека ќе ги истражат со посебни комисии
Ова што се случува е крајно античовечка и неодговорна постапка на раководителите на двете институции.
Наместо да покажат каде е проблемот и кој треба да одговара, тие зборуваат за образложенија и процедури.
Но, за нас причините се јасни.Со неодговорното и непрофесионално работење на партиските челници на институциите, граѓаните се исплашени и се двоумаат да одат во здравствените установи, за кои плаќаат даноци, или во приватни болници за да ги полнат џебовите на сопствениците на болниците, кои се пријатели и соработници на власта.
Но, ова злосторство на власта нема долго да трае. Затоа бараме веднаш да има одговорност за главните виновници за сите овие случаи и итна оставка на директорот на болницата“ велат од БЕСА.
„А, ако тоа не се случи сега, бидете сигурни дека ќе се случи веднаш по изборите, кога ќе се смени власта, а институциите ќе ги водат професионални и одговорни кадри на коалицијата „Европски Сојуз за Промени„!“, вели Беќири.






