Паријата БЕСА денеска го актуелизираше прашањерто за употребата на албанскиот јазик и прашува зошто, дури и по шест месеци сеуште не се воспоставува главната институција која ќе врши увид во употребата на албанскиот јазик на централно и локално ниво.



„Актуелната власт се уште не успева да отпочне собраниска процедура за законите што се договори со Движењето Беса за време на последните уставни измени, но за жал ова влада, СДСМ-ДУИ, исто така, не успеа да го спроведе и законот за употреба на албанскиот јазик“. 

БЕСА реагира зошто Владата сè уште не формирала Државен инспекторат, кој ќе наложи спроведување на албанскиот јазик, закон за кој Движењето Беса има дадено придонес и поддршка, велат од партијата.

„За жал, исто така се докажа дека оваа влада, како онаа претходната која има заеднички именител, ДУИ, нема капацитет да работи на заштита и унапредување на правата на Албанците, затоа единственото решение што ќе ја кристализира политичката сцена се предвремени парламентарни избори, во кои сме убедени дека албанската опозиција ќе биде апсолутен победник и достоен претставник на Албанците во Северна Македонија“, се вели во соопштение на БЕСА.