Беса, Алтернатива и Алијанса преку сценарио „Падот на вечната власт“ до уривање на ДУИ

Во текст со наслов ,,БЕСА, АЛТЕРНАТИВА И АЛИЈАНСА ФОРМИРААТ ТРОЕН ПАКТ?”, Плусинфо пишува за можноста овие три партии да ја симнат ДУИ од тронот.



Трите политички партии, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците, доколку се договорат меѓусебно, планираат на следните парламентарни избори да настапат со заеднички пратенички листи, како и да ја искористат политичката моќ на Беса во Тетово, но и силата на Алијанса за Албанците во Гостивар, анализира порталот.

,,Дека сериозно се подготвува вакво нешто говорат гласините кои во последно време се шират во политичките кругови, а и некои медиуми веќе објавија дека трите партии за брзо време ќе започнат да го пишуваат сценариото за филмот со работен наслов „Падот на вечната власт“. Филм кој, очигледно, нема воопшто да му се допадне на Али Ахмети”, пишува Плусинфо во својата анализа која цела можете да ја прочитате овде.