„…Ако за власта приоритет е промената на Уставот и вклопување на Бугарите како народ во Уставот, тогаш мора да се направи компромис во делот на предвремените избори. Тоа значи дека власта ако сака да ги тера промените сигурно дека мора нешто да даде, а тоа е предвремени избори“, вели лидерот на Движењето БЕСА, Биљал Касами.



Поддршката и гласањето на уставните измени Движењето Беса го условува со предвремени парламентарни избори.

Ако се има волја за да се решат проблемите и прашањата во делот на интегрирањето, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни промени и за предвремени избори, вели Касами.

Иако се навестува дека процесот на отворањето на Уставот би можел да започне од јануари, премиерот Ковачевски деновиве истакна дека, измените ќе се најдат во Собранието откако ќе се направат политички и стручни консултации за да се обезбеди широк консензус.