Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) на два дена пред почетокот на претседателските избори во Италија се откажа од намерата да се кандидира за претседател, објави италијанскиот весник „Република“.
На Фејсбук профилот на Берлускони се појави објава во која се објаснува дека причините за откажувањето на поранешниот премиер е потребата да се зачува „единството на земјата“ и да се обезбеди продолжување на работата на актуелната влада на премиерот Марио Драги.
Во исто време, пред гласањето, локалните медиуми и аналитичари се согласија дека Берлускони не може да добие доволно гласови за изборите, а откажувањето од кандидатура беше само прашање на време.
Интересно, но досега не се објавени имиња на кандидатите за претседател од другите партии.
Првата седница на парламентот за претседателските избори во Италија е закажана за денеска, 24 јануари.
Според уставот, претседателот се избира на заедничка седница на двата дома, на која членуваат делегати од сите 20 области на земјата. Изборот на шефот на државата „ќе биде со тајно гласање со двотретинско мнозинство од собранието“. Но, по третиот круг доволно е просто мнозинство гласови за да се избере идниот претседател.







