Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони би можел да стане централна фигура на изборите на 25 септември, објави Политико



Кариерата на Силвио Берлускони траеше со децении. Тој беше тајкун за недвижности, медиумски магнат и трикратен премиер на Италија.

Но, во последниве години, милијардерот стана помалку видлив. Поради болест често присуствува на партиски состаноци само виртуелно, преку видео врска.

На 85-годишна возраст повеќето луѓе се пензионираат и одмораат, но поранешниот италијански премиер одлучи да се кандидира за функцијата.

„Сите ќе бидат среќни поради тоа“, изјави тој за италијанското радио и телевизија со својата неповторлива самодоверба.

Доколку не се случи чудо, изборите на 25 септември ќе резултираат со победа на десничарската коалиција, а потоа Берлускони ќе стане влијателна сива еминенција, со што биде популарен уште пет години.

„Се враќам поради чувство на должност“, изјави Берлускони за Политико во писмениот одговор на прашањата на изданието.

Според него, на Италија и се потребни вредностите што ги застапува само неговата партија. И тие се потребни за рестартирање на економијата.

„Моите родители ме научија дека кога чувствувам силно чувство на должност, кога чувствувам дека морам да направам нешто, морам да најдам храброст да го направам тоа“, рече трикратниот премиер.

20 години Берлускони доминираше со италијанската политика и медиумите, но до неодамна се чинеше дека неговата политичка кариера е завршена.

Неговата репутација беше нарушена со скандалот со забавата бунга-бунга, со сведоци кои раскажуваа за оргии во луксузната вила на Берлускони надвор од Милано.

Во 2011 година започна должничка криза на национално ниво и се појавија стравувања од банкрот. Берлускони тогаш беше принуден да му го предаде владеењето на технократот Марио Монти. Т

ој беше повеќепати повикуван на суд, а на крајот беше исклучен од Сенатот во 2013 година, кога беше осуден за даночна измама.