Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, изјави дека ставот на Берлин е дека Србија не може да стане членка на ЕУ без да го признае Косово.



„Ние од Германија отсекогаш сме имале многу јасен став по ова прашање – кон крајот на процесот на нормализирање на односите, кога Србија ќе одлучи да влезе во ЕУ, признавањето на Косово ќе биде дел од процесот“, рече Сарацин.

Тој посочи дека тоа е нешто „што Германија секако го очекува“ и дека тоа „јасно било кажано кога канцеларот Олаф Шолц ја посети Србија во јуни минатата година“, пренесе Б92

Во преговорите меѓу Белград и Приштина потребно е што поскоро да се постигне договор меѓу двете страни, изјави тој за весникот Нова, додавајќи дека е важно претставниците на Србите да се вратат на Косовските институции што е можно поскоро“, објави агенцијата Бета.