Германската презеде драстичен чекор против руската нафтена компанија „Роснефт“ откако денеска ја презема контролата над германската филијала на рускиот нафтен гигант, јави Ројтерс.



Федералниот регулатор на мрежата ќе ја преземе контролата врз RN Refining & Marketing GmbH и Rosneft Deutschland GmbH, како и нејзините удели во нафтените рафинерии во Швед, Карлсруе и Вобург, соопшти Министерството за економија.

„Роснефт Дојчланд“ сочинува околу 12% од германскиот капацитет за рафинирање нафта и е една од најголемите компании за рафинирање нафта во земјата.

Властите закажаа брифинг подоцна во текот на денот за да дадат детали. На него ќе учествуваат германскиот канцелар Олаф Шолц и министерот за економија Роберт Хабек.

Роснефт не ја коментира одлуката во оваа фаза.