Германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт денеска ги отфрли барањата за испорака на борбени тенкови на Украина.
Москва: Германско пружје за Украина е „црвената линија“
„Ниту една земја досега не испорача пешадиски борбени возила или борбени тенкови од западно производство“, рече Ламбрехт во Берлин, додавајќи дека Германија се согласила со своите партнери да не преземаат еднострано такви акции , пренесува Ројтерс.
Ламбрехт, исто така, рече дека американското нуклеарно одвраќање, „кое исто така ја штити Европа од уцени“, нема алтернатива во напорите за одржување на безбедноста во Европа во догледна иднина.







