Берлин: „Многу веројатно“ е дека Навални е затруен

Германската влада смета дека е „многу веројатно“ дека рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е во кома во болница во Берлин, е жртва на труење.
„Се работи за пациент кој бил многу веројатно жртва на напад со отров. Сомнежот не е поврзан со фактот дека Навални се затрул, туку дека некој го труел Навални, а германската влада го сфаќа ова сомневање многу сериозно”, рече портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.
Тој исто така објасни дека ова е причината за поставување полициско обезбедување за Навални во болницата.
Руските лекари негираат дека станува збор за труење.
Неговите соработници се убедени дека Навални бил затруен.