Арапите што живеат и работат во германската престолнина наскоро ќе имаат радиостаница на својот јазик, јави новинската агенција ДПА.
Голем дел од програмата на „Радио Арабика“ ќе биде на арапски и ќе се занимава со култура, вести, забава, спорт и секојдневното живеење во Берлин.
Станицата ќе емитува и арапска народна, популарна и модерна музика.
„Покрај француската, руската, турската, британската и американската радиостаница, сега ќе има радиоистаница за Арапите, рече лидерот на Медискиот совет за регионите Берлин и Браденбург, (МАББ), Хансјуерген Розенбауер.
Сè уште не е познато кога новата станица ќе започне со емитување.




